fbpx
Вести

Посета на 1.000 села во Македонија

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола ја почна кампањата “Посета на 1.000 села во Македонија”.

Од АПРЗ информираат дека кампањата почна од битолското село Бистрица, ќе се одвива во осумте региони и ќе заврши до крајот на мај со информативен настан во охридското село Оровник.

poseta na 1 000 sela vo makedonija

 

– Главни теми во текот на кампањата се информациите поврзани со програмите за поддршка што ги нуди Владата на Република Македонија, програмата ИПАРД-2 (2014-2020) и кампања за осигурување на земјоделските имоти. Во над илјада села во Македонија ќе вршиме презентирање на новиот вид на земјоделско осигурување бидејќи сакаме да се зголеми бројот на земјоделски осигуреници кои треба да се навикнат да ги осигуруваат своите имоти и површини. Земјоделското осигурување е приоритет во аграрната политика на државата, обезбедени се поволности и владино кофинансирање и затоа низ оваа кампања земјоделците ќе бидат изворно информирани, посочуваат од секторот за односи со јавност на АПРЗ.

Според програмата за реализација на кампањата “Посета на 1.000 села во Македонија”, во пелагонискиот регион ќе бидат посетени 189 села, во вардарскиот регион 170, во југоисточниот 114 села, во источниот регион 146, североисточниот 123, во скопскиот регион 70, во полошкиот 72 и во југозападниот регион ќе бидат посетени 116 села.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close