fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Граѓаните со протест ќе го бранат струмичкиот земјоделски крај од рудникот

Најавата за протест доаѓа откако владата донесе одлука со која се спојуваат две концесии за експлоатација на бакар и злато во Босилово, Иловица и Ново Село.

Граѓанското движење „Здрава котлина“ најави протест кој ќе се одржи на 15 јули, а е насочен против „рудникот на смртта“ во Иловица, како што го нарекуваат еко-активистите. Најавата за протест доаѓа откако владата донесе одлука со која се спојуваат две концесии за експлоатација на бакар и злато во Босилово, Иловица и Ново Село. Потенцијалната концесија ќе трае до 2042 година, одлуката е објавена во Службен весник и на нозе ги крена граѓаните против потенцијалните ископи на руда. Истите се доделени на Друштвото за производство, промет и услуги „Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје“ со одлука донесена на седница на Владата од 27 јуни годинава. Управниот суд наложил Владата повторно да одлучува и повторно да разгледува да ги спои концесиите.

„Почитувани жители на Македонија, соборци, сограѓани, без разлика на пол, вера, социјален статус, политичка или било каква друга определба, на струмичката котлина ѝ се заканува грозоморно убиство! Со последниот потег на корумпираните судови и владата, рударските корпорации се на чекор да го отворат геноцидниот и екоцидниот проект, рудникот „Иловица-Штука“. После алармантната вест за спојувањето на концесиите, реакциите на здраворазумните луѓе не стивнуваат! Нивниот и нашиот став е кристално јасен – ќе се бориме до крај“, велат организаторите на протестот „Здрава котлина“.

Оттаму повикуваат во знак на протест сите граѓани да ја одбранат струмичката котлина и нејзините животоносни продукти.

„Во знак на протест на неразумната одлука, ве повикуваме сите заедно да го изразиме нашиот револт за да ја одбраниме струмичката котлина од алчните злосторници и нивните соработници кои со отворање на рудникот подмолно и беспоштедно сакаат да ни ги отрујат трите основни извори за живот: водата, почвата и воздухот! А тоа води до трајно иселување од нашите огништа и засекогаш да ја напуштиме нашата котлина преполна со живот“, се вели во соопштението за протестот.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close