Граѓаните вечерва ќе ја дочекаат новата 2022 година со полабави мерки од лани
Умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци
Со полабави мерки во однос на лани, скопјани и сите граѓани ширум државата ќе ја испратат старата 2021, а ќе ја дочекаат новата 2022 година.Овој 31 декември и покрај тоа што пандемијата предизвикана од Ковид-19 е се уште присутна, граѓаните се организираат да ја прослават Новата година на плоштадите, во туристичките центри, во кафеаните, рестораните, пабовите, за разлика од лани кога состојбата со вирусот поттикна воведување на рестриктивни мерки и забрани.Некои земји, сепак, забранија прослави на отворено, го откажаа дочекот на Новата година и воведоа рестрикции.
Со апел за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, но и хронично болните редовно да ја земаат терапијата, излегоа Службата за Итна медицинска помош и Универзитетската клиника за токсикологија во пресрет на Новата година и божиќните празници.
Раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало вчера за МИА изјави дека граѓаните не треба да консумираат многу алкохол и треба да се воздржат од користење пиротехнички средства и оружје. Таа посочи дека граѓаните треба да внесуваат умерени количини храна и да внимаваат при внесување мрсна храна поради можност да се јави дијареја.
Службата за ИМП работи 24 часа, а во текот на новогодишните празници ќе работат и дежурните албуланти.https://nezavisen.mk/gragjanite-vecherva-kje-ja-dochekaat-novata-2022-godina-so-polabavi-merki-od-lani/