вестиМакедонијаТоп вести

Спасовски, Царовска и Димковски во тиквешкиот регион на закројување на лозите

 

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска ќе го посетат тиквешкиот регион.

Спасовски и Димковски ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово“. Премиерот и владина делегација ќе присуствуваат и на приемот, кој по повод празникот на лозарите и виното го организира градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, како и на симболичното закројување на винови насади кое по овој повод ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци.

По традиционалната церемонија на закројување, планирана е заедничка прошетка и посета на изложбените штандови во центарот на Кавадарци.

Заменичката на претседателот на Владата, Царовска ќе даде изјава за медиумите во винарската визба „Попова Кула“ во Демир Капија.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close