Мерката за набавка на високостелен педигриран добиток е една од најатрактивните мерки од програмата за рурален развој
Бачовски-Во 2022 година за оваа мерка се потпишаа 103 договори преку чија реализација во Македонија ќе се увезат над 3800 педигрирани грла на крави, овци и кози од Централна и Западна Европа.
Никица Бачовски, директор на Платежната агенција вели дека – Грантовите за млади земјоделци и рурални жени, како и мерката за набавка на високостелен педигриран добиток се најатрактивните мерки од програмата за рурален развој.
-Особено драга ми е мерката за набавка на добиток, преку која се освежува генетскиот потенцијал на македонското сточарство. Во 2022 година за оваа мерка се потпишаа 103 договори преку чија реализација во Македонија ќе се увезат над 3800 педигрирани грла на крави, овци и кози од Централна и Западна Европа.
Кај ИПАРД програмата најчести се инвестициите во земјоделска механизација, опрема за преработувачките капацитети, како и пчеларска опрема за производство мед и други пчелни производи.
Заради новонастаната ситуација со енергетската криза, се повеќе се зголемува интересот за проекти кои предвидуваат поставување на обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Произведената енергија може да биде соларна, од ветер или од биомаса. За таа цел, но и за набавка на нова и модерна опрема, во 2022 беше објавен повик за мерка 3 каде преработувачите на месо, млеко, овошје, зеленчук и житарици можеа да аплицираат со проекти за обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Веќе се потпишани и првите договори и дел од нив предвидуваат вакви инвестиции кои се поддржани од ИПАРД со 60% од висината на трошоците. Овие можности ја прават АФПЗРР единствена институција во државата преку која се финансираат проекти во обновливи извори на енергија и директно се влијае врз динамиката на зелената транзиција.
А.Б