Вести

Грчките земјоделци го затегаат обрачот и ги засилуваат протестите

grcki zemjodelci

Од денес се засилуваат протестите на грчките фармерите со блокади на повеќе места и за подолго време. Досега распоредот за затворање на централниот автопат беше по 2 часа на ден.

„Од денес ќе блокираме без предупредувања“, соопштуваат од штабот на протестантите, пренесоа грчките медиуми.

Границата со Македонија кај Евзони и денеска повторно е затворена. Се подготуваат блокади и на границата со Албанија. Во Солун трет ден во центарот има протести со трактори, блокирано беше и Министерството за Северна Грција. Фармерите бараат средба со премиерот Ципрас, пренесоа уште медиумите. Министерот за аграрната политика Апостолу повторно повика на преговори и дури ги поддржа протестите.

„Земјоделците имаат право, правиме се што можеме во рамките на програмата за стабилизација на земјата“, рече тој.

Затворањето на патишта по 2 часа на ден не ги дало резултати кои ги предвиделе демонстрантите. Затоа тие планираат да го затегнат обрачот по централниот автопат.


 

фактор мк

Поврзани новости

Back to top button