Агро бизнисБез категоријаВести

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците

Кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 проценти до 40 проценти, вели премиерот Ковачевски.

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена  анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети.

Како што најави министерот за економија Крешник Бекшети, денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци.

-За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави вчера Бектеши кој со премиерот Димитар Ковачевски ја посетија компанијата „Алма-М“ во Визбегово.

Според Ковачевски, со новата мерка на Владата на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, е намалена цената за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август.

-Кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 проценти до 40 проценти. Во маркетите овие производи веќе добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани, изјави Ковачевски.

Поради непочитување на владините мерки за намалување на цените на прехранбените производи, според министерот Бектеши, во скопскиот регион се затворени маркети на „Веро“ и „Вива фреш“.

Во над 50 контроли на Државниот пазарен инспекторат во саботата казнети се седум маркети поради непочитување на владината одлука, а затворени се пет големи ланци на маркети по основ на Законот за потрошувачи, односно по основ на нечесни трговски пратки.

Од Стопанската комора, пак, сметаат дека маркетите имале многу малку време да се усогласат во однос на намалувањето на цените бидејќи стануба звор за околу 1200 артилки.

Според извршниот директор на комората Антони Пешев, мерката со затворањето е престрога, драконска, непотребна, предизвикува штети и тоа треба да биде последното нешто кон кое ќе прибегнат институциите.

-Затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените, изјави Пешев, истакнувајќи дека очекува да се реши проблемот и маркетите повторно да почнат со работа.

Следниот месец, како што најави премиерот, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи, пренесува Независен.

Поврзани новости

Back to top button
betewin   betewin   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   betsat   betsat   betsat   betsat   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   casibom   casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet