
Ѓубривото поскапе за 50 до 100 евра по тон: Како ќе се одрази тоа на српските земјоделци?
Кај азотните ѓубрива, како УРЕА или АН има промена на цената од 50 до 100 евра за тон во однос на претходната година
Да се биде земјоделец во Србија, во последно време, не е баш завидна улога. Згора на сите проблеми, поскапе и ѓубривото, а растат и цените на семето од пченка и другите култури. Со сè почестите суви периоди, тешко е да се биде оптимист за претстојната сезона. Како што наближува пролетта, земјоделската сезона се вжештува, а она без што е незамислива сеидбата е употребата на ѓубрива.
Сепак, оваа сезона земјоделците ќе треба да издвојат цело богатство за да го финансираат тоа ѓубриво, чија цена, според проценките на агроаналитичарите, е зголемена за околу 30 проценти. Покрај ѓубривата, поскапеа и семињата, така што вкупните трошоци за земјоделците ќе бидат значително повисоки, а приносот сомнителен. На земјоделците им останува само да се задолжат за да ги купат потребните материјали, а потоа да се молат да врне дожд кој и онака недостасува. Светлана Антиќ Младеновиќ од Земјоделскиот факултет во Белград за Данас објаснува дека има поскапување на минералните ѓубрива, што неминовно ќе влијае на бизнисот на земјоделците.
„Кај азотните ѓубрива, како УРЕА или АН, кои во овој период од годината се користат за исхрана на зимската пченица, а можеби и пченката, има промена на цената од 50 до 100 евра за тон во однос на претходната година“, наведува таа.
Извор Слободен печат