
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло
Ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури
Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје наутро студено, а преку денот релативно топло со слаб северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст и значително повисоки на крајот од работната недела кога наместа ќе надминуваат 20 степени.