Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Струга распределени 832 картички за зелена нафта во вредност од над 7 милиони денари

Мерката за зелена нафта има за цел да го намали финансискиот товар на земјоделците при набавката на гориво за земјоделската механизација, придонесувајќи за подобрување на условите за работа и зголемување на ефикасноста на производството.

Во Струга распределени 832 картички за зелена нафта во вредност од над 7 милиони денари
Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струга, денеска се одржа активност за распределба на картички за зелена нафта на земјоделците од регионот.
Во рамки на оваа мерка за поддршка обезбедени се вкупно 832 картички, со вкупна вредност од 7.008.405 денари.
На активноста присуствуваше и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, кој го истакна значењето на директната поддршка за земјоделците и намалувањето на трошоците за земјоделското производство.
Мерката за зелена нафта има за цел да го намали финансискиот товар на земјоделците при набавката на гориво за земјоделската механизација, придонесувајќи за подобрување на условите за работа и зголемување на ефикасноста на производството.
Министерството продолжува со спроведување на мерките за финансиска поддршка на земјоделците, со цел зајакнување на домашното производство и развој на земјоделството.

Поврзани новости

Back to top button