fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа на средба со овоштарите од Преспа. Тешка е состојбата се очекува околу 50-60 илјади тони индустриско јаболко

Од јаболкопроизводителите беа побарани мерки од Владата со кои ќе се надмине проблемот при откуп на индустриското јаболко и ниската откупна цена.

Денеска, одржав работен состанок со јаболкопроизводителите, откупувачите и преработувачите од Преспа, објави министерот за земјоделие Хоџа.
-На состанокот разговаравме за проблемот со кој ќе се соочиме во текот на бербата на јаболка, заради неповолните временски прилики кои предизвикаа неколку врнежи од град кој ја зафати Преспа. Како резултат на непогодата, квалитетот на јаболките е намален и се очекува околу 50-60 илјади тони индустриско јаболко.
Од јаболкопроизводителите беа побарани мерки од Владата со кои ќе се надмине проблемот при откуп на индустриското јаболко и ниската откупна цена.
Заедно ги разгледавме сите можности вклучувајќи и интервентна мерка со која ќе се подобри откупната цена со цел да се надмине проблемот.
За скоро време ќе одржиме уште еден состанок за да дефинираме конкретни решенија, рече Хоџа.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close