fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа: Обесштетувањето за 2017, 2018, 2019 и дел од 2020 година по измените на Законот за заштита и спасување

Не зборуваме, за оценка на штетите, туку за отворање законска можност Комисијата да ги разгледа и врз основа на изготвениот извештај Владата да одлучи колкав ќе биде процентот на обесштетување

Не е точно тврдењето на некои опозициски политички партии, дека наводно штетите од невремето во Арачиново и Сингелиќ некому се исплаќале, а некому не. Утврдените штети според Законот за земјоделство се платени за сите општини во 2016 година, а штетите од 2017, 2018, 2019 и дел од 2020-та ќе бидат опфатени со измените на Законот за заштита и спасување. Засега не се знае колкаво ќе биде обесштетувањето, тоа треба да утврди Комисијата за проценка на штети, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Хоџа нагласи дека Министерството за одбрана по брза постапка треба да изготви измена на Законот за заштита и спасување со што ќе се овозможи сите предмети по однос на штетите да ги преземе Комисијата и соодветно да се постапи.

– Во 2015 година имало уредба со која се дозволувало МЗШВ да ја утврдува штетата, но уредбата е укината во 2019-та и сите штети треба да се разгледуваат согласно Законот за заштита и спасување. Со оглед дека штетите од 2017, 2018, 2019 и дел од 2020 година биле во вакуум простор, не ги регулира Законот и Комиисјата за проценка на штети не може да ги преземе предметите. Министерството за одбрана е задолжено од Владата да изготви по брза постапка измена на Законот со преодни одредби, објасни министерот, одговорајќи на новинарски прашања .

Не зборуваме, дополни тој, за оценка на штетите, туку за отворање законска можност Комисијата да ги разгледа и врз основа на изготвениот извештај Владата да одлучи колкав ќе биде процентот на обесштетување.

– Не зборуваме за немање волја, туку за непостоење законска можност за што Владата веќе го задолжи Министертството за одбрана, потенцира Хоџа.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close