fbpx
Вести

Соларна земјоделска сушилница во Кумановско

 

 

solarna zemjodelska sushilnica vo kumanovsko

Соларна сушилница е набавена преку проектот за модернизација на земјоделското производство што денеска беше промовиран во Куманово.

Проектот го реализира Здружението за рурален развој – Локална акциска група (ЛАГ) „АБЕР 2015“, а а
ктивностите предвидуваат и обука на корисниците на сушилницата, односно на членовите на Здружението на земјоделски производители од Куманово кои се носители на проектната идеја.

Сушарата и обуката за земјоделците чинат 150.000 денари.

– Сушилницата ќе се користи за потребите на членовите на Здружението, за подобрување и модернизирање на земјоделството во Североисточниот регион, рече претседателката на „АБЕР 2015“ со седиште во Старо Нагоричане Елизабета Цветковска.

Проектот е спроведен преку Асоцијацијата за иновации во руралната економија (АИРЕ), со финансиска поддршка на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, ко-финасиран од Швајцарската амбасада.

Според Цветковска, во Североисточниот регион се планира зголемување на бројот сушари и останати компоненти за модернизација на земјоделството.

Тагови

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close