fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа-Петтиот пакет помош за тутунарите ќе се дели надвор од субвенциите и оваа недела треба да се разгледа во Влада 

Предвидени се околу 5 милиони евра за тутунарите и нормално тоа ќе биде поделено како дополнителна субвенција во класите каде што ние цениме дека имаше многу поголем проблем, изјави министерот Хоџа на прашање на „Зелена берза“. 

Петиот пакет помош за тутунарите ќе се дели надвор од субвенциите и оваа недела треба да се разгледа во Влада.

-Предлог законот сличен на тоа што беше за грозјето и виното е спремен, оваа недела треба да се разгледа во Влада и нормално по брза постапка ќе се пушти. И тука оставаме простор да се види точната проекција за тоа како би се одвивало. Предвидени се околу 5 милиони евра за тутунарите и нормално тоа ќе биде поделено како дополнителна субвенција во класите каде што ние цениме дека имаше многу поголем проблем, изјави министерот Хоџа на прашање на „Зелена берза“ при гостувањето во Битола, додавајќи дека 5 пакет ќе се дели надвор од субвенциите бидејќи овој пакет  е помош за ситуацијата која ги снајде со откупот тутунопроизводителите.

-Значи има календар за исплата на субвенции и не би сакал да давам одредни датуми за исплата. Реални сите субвенции што им следуваат и на млекопроизводителите и на сите други земјоделци, ќе се исплатат како што е предвидено календарски, ти е ќе ги добијат субвенциите. Таму каде што има потреба ќе се направат интервенции со ребаланс на Буџетот и нормално дека ќе се добијат средствата, рече министерот Хоџа.

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close