fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа утре на средба со ИО во кој е Игор Мирчески, со Стомнароски и откупувачите

(ВИДЕО)Колкава помош од државата ќе добие секој од тутунарите во новиот пакет мерки ќе се знае утре

Колкава помош од државата ќе добие секој од тутунарите во новиот пакет мерки ќе се знае утре по средбата на министерот  за земјоделие Арјанот Хоџа со претставници на Иницијативниот одбор кој организираше протести и Сојузот на тутунари на Стомнароски.   Хоџа не открива дали 5те милиони евра што ги вети Владата како помош ќе се распределат по килограм произведен и предаден тутун како што бараат тутунарите, но, тврди дека со овие пари ќе се исполни ветувањето просечната цена да не биде под 180 денари за килограм.

-Тоа е рамката на средствата што се обезбедени. Во понеделник имаме средба со Сојузот на производители на тутун, Одборот што организира протести и откупните компании и тогаш ќе ја утврдиме точната методологија како ќе се направи тоа, вели министерот Хоџа.

Од договореното производство остануваат уште 1.500 тони кои треба да се откупат, а од следната недела ќе се утврдува динамиката на тоа како ќе се откупува вишокот.

Погледнете го видеото на Тв Сител со изјавата на министерот Хоџа

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close