fbpx
Вести

График на денот: Најголемите светски извозници на кафе

Според некои истражувања, пиењето кафе го продолжува животот. Дури и ако тоа не е главната причина за неговата употреба, кафето е едно од најпопуларните пијалаци во светот. Пазарот за кафе е огромен и токму затоа од „HowMuch.net“ решија да разгледаат кои земји го испорачуваат најскапоцениот, особено рано наутро, пијалок.

Податоците се земени од „CIA World Factbook“. „HowMuch.net“ состави круг на секоја држава со големина која одговара на нејзиниот извоз во 2017-та година – последната година со достапни податоци. Ова прави лесно да се види кои земји (и кои континенти) се лидери во извозот на кафе.

Што може да се научи од графикот? Најочигледна работа е дека статистиката на извозот не само што го зема предвид оригиналното место на производство на одреден производ. Германија и Швајцарија пример се особено јасно изразени на мапата, но причината не е дека земјоделците можат да одгледуваат огромни количини на зрна кафе таму. Наместо тоа, тие ги увезуваат зелените зрна кафе од помалку развиените делови на светот, го обработуваат и тогаш го доставуваат до други места. За да се добие готовиот производ се потребни многу струја и вода – ресурси, од кои земјите во развој често ги немаат доволно. Затоа е логично дека овие активности се наоѓаат во близина на местата каде што богатите клиенти живеат во Западна Европа.

Погледнувајќи кон земјите каде зрното кафе навистина се одгледува, постојат неколку главни играчи со извоз со повеќе од 2 милијарди долари – Бразил (4,6 милијарди долари), Виетнам (3,5 милијарди долари) и Колумбија (2,58 милијарди долари). Вкупно, тие сочинуваат околу 32,7% од вкупниот глобален извоз. Секоја од овие земји генерира повеќе зрна кафе од цела Африка, што само покажува колку таму е неразвиена индустријата. Етиопија – најголемиот афрички извозник (938 милиони долари), дури и не влезе во топ 10.

Меѓутоа, меѓународниот пазар на кафе е релативно расфрлен меѓу многу различни земји. Само два од нив сочинуваат над 10% од глобалниот извозен пазар, а 17 одделни земји придонесуваат меѓу 1% и 5%. И тоа значи дека сигурно не можеме да останеме без нашето утринско кафе.

 


 

denar.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close