fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Субвенциите за тутунот ќе се исплаќаат заклучно со 22 јуни

Тутунарите во исчекување да ја земат примијата за тутунот, секој ден ги проверуваат банкарските сметки.  Некои од нив се разочарани што и по седум дена нема исплата на нивните сметки. 

Тутунари секојдневно ни пишуваат дека се уште не зеле субвенции, а некои  од нив велат дека им се исплатени само еден дел од субвенциите. Тутунарите во исчекување да ја земат примијата за тутунот, секој ден ги проверуваат банкарските сметки.
Некои од нив се разочарани што и по седум дена нема исплата на нивните сметки.
Нема достапен опис
Од страна на АФПЗРР беа изготвени налози за исплата на 17.280 тутунари за вкупна финансиска поддршка од 1.3 милијарди денари.
Средствата ќе се трансферираат на сметките на тутунарите преку трезорот на Министерството за финансии на секојдневна основа во вкупно девет работни дена. Што значи субвенциите ќе се исплаќаат заклучно со вторник 22 јуни.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close