fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Хоџа утре на средба со сточарите-Јас сум секогаш отворен за конструктивни дијалози и носење на заеднички решенија

Јавна дебата за новиот Предлог - Закон за пасишта

Во насока на максимална тренспарентност и почитување на деловничката обврска, за јавна достапност на новиот Предлог – Закон за пасишта, утре ќе се одржи јавна дебата, во големата сала на МЗШВ, објави министерот за земјоделие Арјанит Хоџа.
Поканети се научните институции и здруженијата на сточари, во насока на целосна инклузија на сите засегнати страни, од кои очекувам утре, јавно да ги искажат своите ставови, забелешки и предлози во однос на новиот Предлог- Закон за пасишта.
-Јас сум секогаш отворен за конструктивни дијалози и носење на заеднички решенија. Носењето на законите, директно ги засега земјоделците и најсреќен сум кога промените ги правиме согласно нивните барања и потреби. Законот за пасишта пред да биде даден на усвојување, детално ќе го анализираме утре на јавната дебата.
Сите издржани забелешки и предлози, ќе бидат земени во предвид  за понатамошна евалуација.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close