fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Граѓаните во умерена сиромаштија имаат на располагање дневно 151 денар

Според најцрното сценарио, во земјава на крајот од годинава ќе има околу 600 илјади луѓе кои живеат во сиромаштија, што е секој трет човек

Невладиниот сектор и експертите подготви истражување од кое може да се заклучи дека се зголемува бројот на граѓани кои едвај преживуваат со парите кои ги заработуваат или пак средствата кои им следуваат од државата како помош за одредена ранлива категорија. Пред да ги соопштиме наодите од истражувањето да ги потенцираме препораките кои според авторите се најбитни и преку нив може да се превенира, негативниот биланс на сиромашни граѓани да се намали.

„Владата да преземе мерки за ограничување на растот на цените и за покачување на приходите. За да се намали екстремната сиромаштија да се зголемат сите видови на социјални издатоци. За умерената сиромаштија да се зголемат платите во јавниот сектор и минималната плата, барем колку што е инфлацијата. Алтернативно, да се воведе специјален анти кризен надоместок“, стои во анализата.

Најголемиот револт кај граѓаните во последниов период е тоа што не можат да си ги дозволат производите и услугите кои претходно им биле секојдневни, а политичарите дрско и безобразно си ги зголемија платите за безмалку 80 отсто. Вакви се најчестите реакции од страна на граѓаните во однос на нивната куповна моќ.

Во студијата се наведува дека лани експремната сиромаштија е зголемена за 14 илјади граѓани. А пак умерената сиромаштија е побројна за 56 илјади лица.

Бројот на лица кои живееле во умерена сиромаштија во 2021 година во Македонија изнесува нешто повеќе од 362 илјади граѓани, следната година бројот на граѓани кои живеат во умерена сиромаштија се зголемува и е на ниво од речиси 420 илјади лица. Според очекувањата на експертите, има две сценарија за годинава и тоа, најповолното сценарио е годинава бројот на граѓани кои живеат во екстремна сиромаштија да биде зголемен за 70 илјади лица, а најнеповолното за над 86 илјади граѓани. Во екстремна сиромаштија во 2022 во Македонија живееле над 72 илјади лица, а близу 58 илјади во 2021 година.

Екстремна сиромаштија се проценува дека е кога еден човек во текот на денот има само 47 денари за сите негови животни потреби. А пак, граѓаните кои живеат во умерена сиромаштија имаат на располагање дневно 151 денар.

Од Владата пак се убедени дека одлично се справуваат со неколку годишната криза и мерките кои ги носат за подобрување на животот на граѓаните дава резултати.

„Доколку за време на последните три години Владата не ги спроведеше мерките коишто ги реализираше за заштита на стандардот на најранливите групи, а потоа и зачувување на работните места, денеска ќе имавме полоша слика. Социјалдемократските политики ги заштитија и ќе продолжат да го заштитуваат стандардот и да ја подобруваат благосостојбата на сите граѓани. Системските решенија се нужни за стабилност и предвидлив развој, но и едновремено ги заштитуваат најранливите, оние чии права први и најлесно се повредени во време на криза или политички премрежја. Ние донесовме такви системски решенија, тоа е носењето на минималната плата и методологијата за пресметка на пензиите. Оваа категорија на граѓани, како никогаш од независноста сега е заштитена токму од ваквите појави“, велат од владата во однос на состојбата со сиромаштијата.https://denar.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close