fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Храна, гориво и енергенси има доволно, инспекторите проверуваат дали има трговски злоупотреби

Граѓаните да бидат смирени и да не се грижат зошто во земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви.

Граѓаните да бидат смирени и да не се грижат зошто во земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, уверуваат надлежните.

Државата, како што тврдат од Владата, има доволна количина на житарици во стоковните резерви, во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. Согласно официјалните статистички податоци, имаме зголемување на производството на пченица кое од 195 илјади тони во 2017 година, лани е зголемено на 253 илјади тони.

Во земјава има и месо во доволни количини и засега нема да има промена на цената, соопштија вчера производителите по средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на која е договорено да се донесат две нови интервентни мерки за поддршка на свињарството.

Дополнителна поддршка од 1.500 денари за гоеници над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април и нова субвенција од 3.000 денари за маторица во категоризирани фарми, се двете нови мерки, вредни скоро два милиона евра. Со нив, како што потенцира министерот Николовски, се дава дополнителен стимул за развој на свињарството и уште еднаш се покажува вистинска грижа за секоја земјоделска гранка и за одржливо домашно производство.

Одгледувачите на свињи го поздравија ваквиот чекор и истакнаа дека мерките се носат на време.

-Се надеваме дека со интервентите мерки ќе ја одржиме моментната цена и дека ќе го одржиме свињарството во добра кондиција. Мерките многу позитивно ќе влијаат во производство на свинско месо. Во моментов во целост го задоволуваме пазарот и има доволно количини. Сепак, се соочуваме со многу тешка ситуација, но цела Европа е во криза, сите производства, нагласија одгледувачите на свињи.https://nezavisen.mk/hrana-gorivo-i-energensi-ima-dovolno-inspektorite-proveruvaat-dali-ima-trgovski-zloupotrebi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close