ХРАНАТА ЌЕ ПОСКАПЕ: Лисни вошки ќе ја нападнат пченицата
Вируси и лисни вошки масовно ќе се распространат низ европското земјоделско земјиште, велат научниците, цитирани од англиското издание на farminguk.com.
Според нив, во периодот февруари- март 2020 година земјоделците ќе се соочат со ниви инфицирани со вируси и со пожолтени полјани од пченица, а само една година подоцна луѓето ќе купуваат храна по далеку повисоки цени.
Оваа темна прогноза е објавена пред повеќе од 100 делегати од англиската влада и од научниот, индустрискиот и од земјоделскиот сектор. Според нив, претстојната забрана за користење на инсектициди во ЕУ ќе доведе до ширење на вирус кој ќе влијае на обработливото земјиште. Истражувањата покажуваат дека приносите од пченица во Велика Британија ќе паднат на 4,5 милиони парчиња леб дневно. Слични статистички податоци ќе бидат достапни и за други земји каде што приносите ќе опаѓаат.
Во моментов, познати се околу 5.000 видови лисни вошки, а 400 од нив се наоѓаат во растенија и во храна.
– Ако следната есен повторно има инвазија на лисни вошки, а потоа имаме мека зима, тогаш ќе биде многу мрачна прогнозата за жетвата на пченицата во текот на 2020 година- коментира д-р Џиа Арадотир, експерт за инсекти во научниот центар Ротамстед .
Според зборовите на д-р Ким Хамонд-Косак, пак, 2019 година може да е последната добра година за одгледувањето на пченица.