fbpx
ВестиТоп вести

Одложена примената на преодната одредба на Законот за трговија на зелените пазари

Собранието денеска во рамки на 81. седница изгласа измени и дополнувања на Законот за трговија на зелените пазари, со кои се овозможува дополнителен рок за преодната одредба во која се предвидува вршење јавни овластувања за упис во Регистарот, издавање  легитимација, издавање решение за упис на промена во Регистар, како и издавање решение за одјавување на дејноста, објавува МИА.

За законот се гласаше двапати, откако првото беше поништено поради недоволен кворум. Никола Мицевски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ недоволниот број пратеници од власта го оцени како декларативно залагање за излегување во пресрет на пазарџиите кои се противеа на новините во законот и најави поддршка од ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се овозможи одложување на примената.

– Ова требаше да се направи минатата година кога го донесовте законот без присуство на опозицијата, јавноста не беше запознаена затоа што немаше кој да изреагира. Кога излегоа подзаконските акти тоа можеа да го видат пазарџиите и излегоа со  реакции. Имате повторно една избрзана мерка што не ги решава проблемите на пазарџите кои протестираат за ова штетно решение на СДСМ и ДУИ. Вие го одложувате законот и не ги решавате проблемите на граѓаните, рече Мицевски.

Според Ејуп Алими  од ДУИ,  можноста за спроведување на законот била отежната и оти има потреба од поширока дебата со кое ќе се најде решение според потребите на трговците на зелените пазари.

– Направена е голема неправда кон трговците кои се занимаваат со оваа дејност и треба сериозно да се замислиме дали да ја дозволиме оваа анархија од организиаторите на зелените пазари на оваа најсиромашна категорија  во општеството месечно да им се зема по  100 – 200 евра за една тезга и тие да не се пријавени  во државните институции и по долг временски период на крај да останат и без пензија, рече Алими.

Во реплика Диме Велковски од СДСМ, рече дека се излегува во пресрет на пазарџиите и оти ќе се носи законско решение со кое ќе бидат задоволни сите засегнати страни.

–  До 1 јануари 2020 година се обврзавме сите, се надевам и вие, дека заедно ќе донесеме решение со кое сите страни во овој  случај – организаторите на пазари, пазарџиите, прекупците,  производители, но пред се консументите на пазарот, да бидат задоволни. Ова законско решение сметаме дека тоа не го направи, рече Велковски, објавува МИА.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close