Агро бизнисБез категоријаВести
Христос се роди! Навистина се роди!
Православните христијани го слават Божик
Православните верници кои го почитуваат јулијанскиот календар денеска го слават Божик, Христовото раѓање, како празник чие основно значење е семејното собирање, дружењето и потсетувањето на основните човечки вредности.
Првиот ден од Божик е ден на радост на раѓање, обновување на животот, додека вториот ден се поминува во свечено, тивко домашно расположение, а во црквите се служи благодарствена литургија на Богородица.
Вообичаено е луѓето да се поздравуваат со „Христос се роди“ и „Навистина се роди“, а празникот Христовото раѓање изобилува со многу други обичаи од кои најпознат е полагањето на бадниковото гранче, покривањето на домовите со слама и други обичаи.