Хрватски селани на протест: „Од 1.12. почнуваме со колење свињи, па нека апсат“
Незадоволни од владините мерки против африканската свинска чума, дел од славонските земјоделци денеска го блокираа патот што води до граничниот премин Жупања-Орашје. Нив ги предводи Штабот за одбрана на хрватското село и неодамна основаниот Синдикат на земјоделските работници на Славонија и Барања, кои вчера организираа селаните да излезат на патиштата.

Од полицијата потврдија дека го обезбедуваат протестот, кој е пријавен. Демонстрантите бараат прекин на еутаназијата на свињите, прекин на сите форми на категоризација на објектите за чување свињи и итно укинување на забраната за колење свињи.
Тие исто така бараат да се овозможи колење свињи во сопствените капацитети со претходен ветеринарен надзор, да се обезбеди редовна месечна финансиска поддршка за земјоделците чии свињи се еутанизирани и да се овозможи слободна трговија со незаразените свињи.
Министерката за земјоделство Марија Вучковиќ на демонстрантите, кои се незадоволни од мерките за сузбивање на африканската свинска чума, им порача дека мора да работат според прописите, па затоа министерството не може да прифати дел од барањата што би ја нарушиле биосигурноста.
Демонстрантите ѝ порачаа на Владата дека од 1 декември ќе почнат со колењето свињи. „А тие нека апсат и нека прават што сакаат, па ќе видиме кого апсат и колку казни ќе успеат да наплатат“.https://mkd.mk/