fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

И денеска многу топло – температурата ќе достигне до 38 степени

УВ индексот 9

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места ќе бидат над 35 степени, а најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close