fbpx
Вести

И покрај субвенциите производството паѓа- драстичен пад на родот на краставици, , домати, јаболка и сливи

jabolka

Минатата година се намалило производството на краставици, домати, сончоглед, јаболки, сливи, круши, а зголемено производство на тутун, компир и пченка, покжуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, во споредба со 2015 година, земјоделските површини се зголемени за 0,2%.

Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,6% и кај овоштарниците за 1,8%, како и кај лозјата за 1,6%. Намалување е забележано кај пасиштата за 0,1%.

Според податоците на Заводот за статистика од вкупната обработлива земјоделска површина во Македонија 80% опаѓа на ораници и бавки, 12% се ливади, само 5% отпаѓа на лозја, додека 3% од обработивата земјоделска површина е засадена со овошки.

Во 2016 година за 1,5% се зголемени засеаните површини, при што зголемување од 3,9% има кај површините засеани со жита и 3% кај фуражните посеви. За 10,7% се намалени површините засадени со индустриски посеви, и за 1,1% намалување има кај површините засадени со градинарски посеви.

Во 2016 година, во споредба со 2015 година, поголемо зголемување на производството се забележува кај тутунот за 5,0%, компирот за 4,3% и крмната пченка за 61,4%, а производството на краставици е намалено за 20,3%, кај сончогледот се забележува драстичен пад од 20,3%, додека пак производството на домати лани е намалено за 6,6%.

Производството на овошје во 2016 година, во споредба со 2015 година, бележи намалување кај сите видови овошје, освен кај праските.

Така производството на јаболки лани е намалено за 26,2%, кај крушите статистиката бележи намалување на производството за 20.1%, додека кај сливите 18,8%. Производството на праски е зголемено за 0,9%.


 

е Магазин

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close