fbpx
Вести

И сопствениците на костени бараат субвенции

Големи површини на костеновата шума на Шарпланинскиот масив се заболени од рак на кората кој ги суши дрвјата.

Најкритична е состојбата на планинското подрачје кое припаѓа под Општина Теарце, каде е под знак прашалник опстанокот на костеновото дрвo, предупредуваат познавачите на приликите.

i sopstvenicite na kosteni baraat subvencii

 

Од Институтот за одржлив и регионален развој Бела Виста, велат дека заштитата на костенот е неопходна. Неговиот голем корен помага во спречување на ерозивни процеси, кои се се позачестени а во костеновата шума живеат и голем број на разновидни птици и цицачи.

Жителите од Шарпланинските села, велат дека во минатото егзистирале од плодот на костеновото дрво, кое за жал полека исчезнува.

Од Бела Виста тврдат дека проблемот може да се надмине. Најпрвин треба сопствениците на површини со костеново дрво, да ги одстранат стеблата заболени од рак а потоа да засадат нови насади со костен.

Од институтот најавуваат дека ќе поднесат предлог иницијатива до собранието, овие активности финасиски да ги подржат властите.

Поради ваквата состојба и степенот на заканите од ракот, во нашето законодавство, костенот е прогласен за редок вид дрво во шума.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close