
Земјоделците на протест за ветеното обештетување – општина Тетово ветува исплата до крајот на месецот
ВИДЕО - Од Општина Тетово соопштија дека до крајот на овој месец земјоделците од Тетово ќе ги добијат финансиските средства.
Земјоделците од Тетово протестираа пред општината бидејќи сè уште немаат добиено никакво обештетување од невремето проследено со град, кој им ги оштети посевите во 2024 година, објави ТВ 21.
Според нив, иако штетата била 100%, тогаш општината и Министерството за земјоделство ветиле 35% обештетување, потоа биле ветени 10%, но досега немаат добиено ниту еден денар.
Сега очекуваат општината да им исплати 5%, а владата 5%.
– Прво проблем беа документите, влада, министерство, општина – не знаеме каде беше проблемот. Потоа се сретнавме со градоначалникот во декември, ни вети, во јануари. Јануари помина, дојде февруари – исто. Ни ветуваше и пред изборите, не ги исплати ниту пред ниту по изборите, изјави Осман Адили, земјоделец.
– Никаква информација немаме од општината, немаме ни 5%. Бараме да бидеме еднакви со Источна Македонија. Во Западна Македонија земјоделците се запоставени, а и ние сме граѓани на оваа држава. За даноци сме еднакви со другите, а за штети сме избегнати, изјави Мухарем Исаку, земјоделец.
Од Општина Тетово соопштија дека до крајот на овој месец земјоделците од Тетово ќе ги добијат финансиските средства.
Целиот текст на https://mk.tv21.tv/




