Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
И за откупениот вишок на тутун ќе следуваат субвенции за тутунарите, тврди Стомнароски
НАЈНОВА ВЕСТ-И вишокот на откупен тутун ќе се цени според класи, а не на килограм.
За секој откупен килограм тутун од вишокот производство ќе следуваат субвенции, потврдува за Зелена берза, Менде Стомнароски претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.
-За секој килограм тутун што ќе биде откупен ќе следува субвенција, значи и за тутунот што е со претходно склучен договор и за вишокот на тутун што ќе биде откупен, потврдува Стомнароски.
Според Стомнароски договорено е со откупувачите вишокот на тутун да се цени по класи исто како и договорениот, а не на килограм. Значи тутунот ќе се цени според квалитетот како и договорениот.
А.Б