И жените земјоделки ќе можат да остваруваат право на платено породилно отсуство
Конечно жените земјоделки регистрирани по законот за пензиско и инвалидско осиугуравње ќе можат да остваруваат право на платено породилно отсуство.
Проблем кој се провлекува од осамостојувањето на земјава а на кој активно работи и лобира националнаат федерација на фамрери конеќно преку пилот програма за 2023 година е најден модел за да се исправи една децениска неправда и да можат и жените земјдоелки кои плаќаат давачки кон државата да имаат право на породилно.
Според досегашната состојба една жена земјоделка може да е регистрирана како индивидуален земјдоелец и таа го има ова право но оние кои се регистрани по закон за пензиско и инвалидско осигурување го немаа правото на платено породилно. Се работи за вкупно 1255 жени кои пари ќе добијат од посебна поргама на министерството за земјоделство како привремено решение додека да се смени или да се донесе нов закон за кои вкупно се предвидени од 80 до 160 илјади евра во зависност дали ќе им се исплаќаат по 9 или по 18 илјади денари за 9те месеци.
Покрај овојк проблем за кој се настојува да се најде во иднина и трајно законско решени националнаат федерација бара и решавање на боледувањето за земјдоелците кои се регистрирани по овој закон со кој давачките кон државата се со повластена стапкаhttps://kanal5.com.mk/