fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Игор Мирчески испрати писмо со барања до премиерот Зоран Заев и откупувачите

Зголемување на цената по класи за 25 проценти и субвенции до 100 денари за килограм

Јавна расправа со сите фактори во тутунската индустрија бараат тутунарите од Прилепско кои испратија писмо до премиерот Зоран Заев . Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунарски здруженија вели дека писмото е испратено не само до премиерот, туку и до откупните претпријатија во државата . Односно ова писмо според тутунарите требаше да го испрати одамна Сојузот на тутунарски здруженија на Менде Стомнароски, ама тоа не го стори, па битката е препуштена на новоформираните здруженија- „Жолто тутунско злато-Прилеп“, „Тутунари земјоделци-Дебреште“, „Тутунарска мака-Кривогаштани“ и „Тутунски земјоделци-Могила“.

Во писмото јасно и прецизно се бара 90 денари субвенција за секој килограм предаден тутун и плус ковид мерката од 5 милиони денари да се подели на тутунарите по килограм предаден тутун со што ќе се достигне субвенција од 100 денари за секој предаден килограм тутун.

-Имаме јасни барања за реколтата 2021-2022 кои стојат во писмото, а тоа е забрана за увоз на необработен ситнолисен тутун. Зголемување на цената по класи за 25 проценти за сите класи. Во Правилникот за тутун бараме зголемување на килограмите по единица декар од 220 кг, наместо досегашните 180 кг по декар. Бараме долен среден лист без мани и оштетување со големина до 16 см да влезе во втора класа, вели Мирчески, порачувајќи дека мора да се спречи кратењето на договорите и бришењето на тутунопроизводителите од договорите.

Миречески очекува премиерот Заев што поскоро да ја свика јавната расправа на која ќе се донесат решенија за новата реколта, а каде ќе се донесе и заклучок- оние тутунари кои ќе останат без договори, Владата да го задолжи МЗШВ да направи јасна стратегија што  да обработуваат за новата реколта, бидејќи истата е на праг, како и тоа да ја субвенционираат трансформацијата.

 

 

А.Блажевска

 

 

.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close