fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Жетвата на пченицата во Пелагонија привршува, приносите се солидни и со добар квалитет

За неколку дена завршува жетвата во Пелагонија. По извршените испитувања на зрното, квалитетот на пченицата за разлика од ланската година е подобар, а родот е класифициран како 2-ра до 3-та класа. Приносите поголеми од ланските.

Жетвата на јачменот заврши, а за неколку дена ќе заврши и жетвата на пченицата во Пелагонија, информираат од ПЕ на Минситерството за земјоделство шумарство и водостопанство Битола.

Оваа сезона пченицата е посеана на вкупно 9 200 ха додека јачменот на 3900 ха земјоделска површина. Остварените  приноси вкупно за пченицата изнесуваат 17 900 тони или 14 070 тони за јачменот.

Според постигнатите приноси првичните оцени се задоволителни. Во зависност од местоположбата на парцелите приносите се различни и во просек изнесуваат од 3-4тони пченица по хектар. На некои парцели на индивидуални земјоделци постигнати се солидни приноси и изнесуваат од 5- 7 тони по ха. Квалитетниот сертифициран семенски материјал и соодветните агротехнички мерки си го сторија своето, а ќе беа повисоки доколку во фазата на формирање на зрното имаше повеќе влага, велат земјоделците.

-Ја завршив жетвата и спрема годината задоволен сум од приносите. Во просек имам 5 тони печница по хектар, вели Сашо Бошевски земјоделец од с. Новаци.

-Задоволен сум од приносите, имам 6 тони по хектар, а на некои места , каде што вршам услуги има и 7 тона по ха. Поднебјето е такво, овде земјата има најдобра класа и затоа се добиваат високи приноси, вели за Зелена берза Зоран Бошевски земјоделец од с.Радобор

Според информацијата од ПЕ МЗШВ Битола   квалитетот на пченицата за разлика од ланската година е подобар, а родот е класифициран како 2-ра до 3-та класа.

Производителите сезадоволни од квалитетот и родот но не и од цената. Откупувачите им ја откупуваат пченицата по цена од 8-10 ден за кг во зависност од хектолитарската тежина , но сметаат дека тоа е малку.

-Од цената на пченицата не сум задоволен. Едни ја откупуваат по 9,5ден/кг, а други по 10 ден/кг. Сметам дека треба цената на пченицата да не е пониска од 10 ден. вели Сашо Бошевски од Новаци.

Земјоделците сметаат дека државата треба да им излезе во пресрет и да го заштити домашното производство на пченицата и јачменот бидејќи станува збор за стратешки култури.

П.Јовановска

 

 

 

 

 

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close