Има или не квалитетни вештачки ѓубрива и препарати , кој ги контролира ?!
Во пресрет на новата производствена градинарска сезона, земјоделците од струмичко бараат поголеми контроли на вештачките ѓубрива и препаратите што се увезуваат во земјава и се продаваат низ земјоделските аптеки во државата. Сметаат дека квалитетот на ѓубривата за потхранување на обработливите површини но и препаратите за заштита на растенијата и овошките не соодејствуваат со својствата и елементите наведени во декларациите. Реагираат дека последниве години нивната примена не ги дава посакуваните резултати за поголеми приноси по хектар ниту пак има ефекти за биохемиска заштита кај засеаните површини од појава на болести и инсектициди.
,,Мислам дека немаме квалитет на ѓубривата како што беше своевремено во Југославија. Сега ти фрлаш ѓубре на нивата и очекуваш подобри приноси но за жал нема ефекти. Сега како да фрламе зрна песок или гранули кои ниту се разложуваат со денови а камоли да добиеме некакви резултати, Мислам дека немаат никакво дејство или пак е никакво. Како можеше своевремено кога ѓи ѓубревме нивите да има ефекти а сега не, Очигледно е дека станува збор за неквалитетни ѓубрива . Затоа треба почести контроли од страна на надлежните,, истакнува Миле Трендов земјоделец од Бориево кој одгледува домати и краставици
Според него цените на ѓубривата и препаратите за заштита не се ниски за да се премолчат сомневањата дека на пазарот се продаваат репроматријали со сомнителен квалитет. Со констатацијата на Трендов се сложуваат и други земјоделци од струмичко. Истакнуваат дека од ѓубривата или препаратите место приносни растенија истите или стагнираат или се сушаат. Но за жал никој нема реагирано кај надлежните органи
,,Како да реагираме. Ние фрламе ѓубре или прскаме за да има резултати. Ефектите се согледуваат дури после извесен период и веќе е доцна. На кого да се жалиме. Кај аптеките ?. Таму ни истакнуваат дека репроматријалите имаат декларации и дозвола за продажба и се оградуваат.Сметаме дека треба сериозни контроли не само на увоз туку и почесто по аптеките,, реагираат земјоделци од Моноспитово
И земјоделските здруженија сметаат дека надлежните инспекции треба да ги засилат контролите при увоз и по земјоделските аптеки за да се провери квалитетот на репроматријалите што се нудат..Ристо Велков од Сојузот на земјоделски синдикати од Струмица вели дека во декларациите на губривата и препаратите едно пишува а во пракса ги нема активните елементи
,,Инспекторатот за земјоделие мислам во немал број случаеви излегува со информација дека не соодејствува процентот на активните материи во контролираните ѓубривата во поглед на застапеноста на елементи или процент на застапеност на активни материи, фунгициди, пестициди Мислам дека има пропусти во тој сегмент и во иднина треба неминовно да се води грижа при самиот увоз на тие репроматријали да се утврди дали соодејствуваат со процентот на активни материи и во ѓубривата и во препаратите,, потенцираше Ристо Велков од Сојузот на земјоделски синидкати од Струмица
Од земјоделските аптеки кои ги контактиравме негираат дека се продаваат неквалитетни земјоделски репорматријали. Како што истакнвуаат асортиманот на вештачките губрива но и заштитни средства подлежат на строги контроли од надлежните државни институции. Агрономот Игор Ивановски кој работи во земјоделска аптека вели дека сите препарати се испитани во сертифицирани лабаратории за таа намена
,,Државниот земјоделски инспекторат го испитува квалитетот на ѓубривата. Во повеќе наврати инспектори доаѓаат и земаат мостри од различни ѓубрива па дури и препарати за биохемиска заштита. Мострите ги носат во акредитирани лабаратории кои имат дозвола за испитување на својствата со активни елементи и материи. Тие се 3-4 лабаратории во државата каде се испитува составот односно квалитетот на ѓубривата и препаратите со наведените елементи во декларациите,, вели Игор Ивановски магистар по заштита на растенијата
Ивановски потврдува дека има реакции од земјоделците, но тие биле неосновани. Спроед него и понатаму продолжува праксата на фрлање ѓубриво или прскање на своја рака без да се направи анализа или испитување што на почвата или пак евиденција на биохемиско третирање на растенијата. Како што истакна Ивановски клучен елемент за добивање ефекти од ѓубрењето е агрохемиското испитување на почвата, бидејки со тек на време и обработување се менуваат активните хранливи материи во површините
,,Проблемот е во примената на своја рака без соодветни анализи на почвата. Зошто? Прво и основно ќе го земеме регионот на Муртино и Моноспитово каде што почвата има многу висока PH вредност. Пред сеидбата на краставиците, земјоделците обично ставаат КАН губре што е калциум амониум нитрат иако во овој регион почвата има висока висока PH вредност и тоа над 8 проценти. Со додавањето на калциум уште повеќе се зголемува PH вредноста и што се случува, доаѓа до засолување на почвата каде што ратенијата се шпиртосуваат односно не се развива а потоа велиме, ѓубривото не е квалитетно,, објаснува м-р Ивановски
Контрола на квалитетот на земјоделските репроматријали врши државнито земјоделски инспекторат. Од таму велат дека контролата се врши врз основа на мониторинг програмата од МЗШВ при што се контролира производството, складирањето, дистрибуцијата,сообразноста на произвоите . Тоа го прави на 11 гранични премини 8 места за утовар, но и кај регистрирани правни субјекти кои вршат производство увоз и промет на големо и мало
,, Во Република Македонија дозволен е увоз, пласирање на пазарот и употреба на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачите на својствата на почвата доколку истите се евидентирани во Листата на ѓубривата кои се произведуваат и пласират на пазарот. Од предвидениот број примероци земени на граничните премини, при прометот на големо и мало и при употреба, согласно Програмата за спроведување на мониторинг во 2017 та и 2018 та година а врз основа на добиените акредитирани лабараториски извештаи за испитување на содржината на активните супстанции во производи за заштита на растениајта, констатирано е дека сите доставени примероци се со дозволено отстапување,, стои во информацијата од државнито инспекторат за земјоделиe.
Според доставениот табеларен преглед за направените контроли за цела 2017 та и првите 6 месеци од 2018 та година по основ на законот за производи за заштита на растенијата, законот за семенски и саден матрија и законот за квалитет и безбедност на ѓубривата, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата изготвени со околу 8000 записници и издадени околу 260 решенија. Во 2017 изречени се 18 прекршочни пријави согласно законот за заштита на растенијата и саден матријал но нема согласно законот за квалитет и безбедност на ѓубривата а во првите 6 месеци од 2018 нема ниту прекршочни ниту кривични пријави изречено Државниот земјоделски инспекторат.
Од инспекторатот информираа дека земјоделците секој сомнителен репроматријал треба да го пријават кај надлежните или директно на бесплатниот телефонски број 0800 11 000 но посочија дека земјоделците треба да применуваат добра земјоделска пракса што во превод значи правилно третирање на површините со соодветни пестициди, оптимално користење на ѓубривата врз основа на извршени агрохемиски анализи и да се набаввуаат репроматријали од регистрирани рпавни субејкти во оригинални пакување соодветно означени со декларации на македонски јазик и упатство за употреба.
Ване Трајков