fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата исплати над 11 милијарди денари за заостанати и тековни субвенции на 70.000 земјоделци

За зелена нафта издвоени се 540 милиони денари на 46.000 земјоделци

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет, земјоделците се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата, затоа оваа влада е нивен најголем поддржувач и партнер, велат од ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција за зелена нафта, за која се издвоени 540 милиони денари и опфатени 46 000 земјоделцирече дека за само 15 месеци Владата исплатила над 11 милијадри денари за заостанати и тековни субвенции, со што 70 000 земјоделци добиле финансиска поддршка.

Таа посочи дека системите за наводнување се оспособени, со што навремено е обезбедена вода за наводнување, а се осврна и мерката за доделување на картици за зелена нафта, за која се издвоени 540 милиони денари и опфатени 46 000 земјоделци.

„Оваа година утврдена е и рекордна откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец- 21,3 денари по килограм  и смедеревка- 18,9 денари по килограм. Исто така оваа година за првпат првата и втората категорија на пченица се откупуваше по цена од 12 денари, дополнително на оваа сума треба да се платат и транспортни трошоци и ДДВ од страна на мелничарите. Со ВМРО-ДПМНЕ за првпат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви и тоа 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари по килограм, без ДДВ“, рече Андоновска.

Новина, како што рече Андоновска, е отпочнувањето на кампањата „Македонско најдобро“ која има за цел раздвижување на домашната економија преку помагање на компаниите кои произведуваат и преработуваат македонски производи, како и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи.

„Најмаркантен повик е т.н. мерка 50-50, со која се кофинансира набавка на модерна земјоделска механизација. Додека пак јавниот повик за млади земјоделци броеше 254 апликации од кои одобрени се 117“, додаде Андоновска.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close