fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Има интерес за новиот повик за грантови за мали семејни винарии

Грантот за една семејна винарија изнесува 600 илјади денари.

Има интерес за новиот повик за грантови за регистрирани мали семејни винарии, потврдија попладнево за МИА од подрачните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци и Неготино.

– Грантот за една семејна винарија изнесува 600 илјади денари. Деведесет проценти од тој износ треба да се искористи за опрема и остатокот за да се ангажира стручно лице енолог, појасни Драганчо Николов, советник во подрачното одделение во Кавадарци.

Тој вели дека во Кавадарци, досега бесплатно им изготвиле околу 40 деловни планови на заинтересирани мали семејни винарии.

Ѓорѓи Ајтов, раководител на подрачната служба во Неготино, информираше дека интерес има и за јавниот повик, за грант од шестотини илјади денари, за набавка на опрема за преработка на храна од животинско и неживотинско потекло.

Николов и Ајтов нагласија дека им стојат на располагање, на сите заинтересирани фамилијарни винарии и производители на храна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close