fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Има субвенции за козарите

Вкупната сума на исплатени средства е во висина од 62 милиони денари кон близу 1.700 лица.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ директни плаќања за обележани грла кози. 🐐
Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на кози.
Вкупната сума на исплатени средства е во висина од 62 милиони денари кон близу 1.700 лица.
Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по грло , односно 1.300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла за сите категории и возрасти.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close