fbpx
Вести

Индекси на трошоците на животот и цени на мало за јуни

Индексот на трошоците на животот во јуни 2018 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4,8 %, замрзнатото овошје и сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 %, јогуртот, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,3 %, сирењето и урдата, конзервираното овошје, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0,2 %.

Во јуни 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 4,8 %, услугите за сместување за 3,7 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за култура за 3,5 %, туристичките пакет-аранжмани за 2,8 %, гасот за домаќинствата за 2,6 %, парамедицинските услуги за 2,2 %, стоматолошките услуги за 1,8 %, игрите, играчките и хобијата за 1,6 % средствата за чистење и одржување на станот за 1,1 %, снабдувањето со вода и другите услуги во врска со станот за 0,6 % и обувките за 0,4 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, езабележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 6,7 %, компирот за 2,2 %, рибата и морските плодови, маслото и маснотиите за 0.,5 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај книгите за 11,3 %, авионскиот превоз на патници за 5,0 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4,4 %, телефон и телефаксопремата за 4,1 %, болничките услуги за 1,7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1,1 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 1,0 %, информатичката опрема за 0,8 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,6 %, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за лична хигиена за 0,5.%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4 %, материјалите за одржување и поправки на станот и лековите за 0,2 %.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, забележа пораст од 1,4 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2,8 %.


 

би.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close