fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Индивидуалните земјоделци се погодени од новата мерка за субвенции на контролирано производство

ВИДЕО

Со новата мерка од интервентната програма на МЗШВ  да бидат опфатени сите производители на домати и краставици, а не само производството под контролирани услови бараат од потсекторската група за градинарство. Според претседателот Драги Памуков, најавата дека преку оваа мерка субвенции ќе добијат само земјоделците кои произведуваат под контролирани услови значи дискриминација за малите производители кои веќе со години  работат на работ на егзистенцијата.

За Памуков, овие мерки се добри, но со нив не се решаваат проблемите во земјоделството и затоа наместо периодични интервенции вели дека е неопходна долгорочна стратегија.

Мерката за поддршка на производителите на краставици и домати е креирана преку интервентната програма со која треба да се надомести разликата помеѓу производната и продажна цена, како резултат од владината одлука за замрзнувањето на цените за овошјето и зеленчукот. Висината на финансиската поддршка од оваа мерка изнесува 35 денари по килограм за домат кој е произведен под контролирани услови и продаден во период од 5 април до 31 мај и 30 денари по килограм за краставица произведена и продадена во период од 5 април до 15 мај 2023 година.https://sitel.com.mk/

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close