fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Инфлацијата дополнително ги осиромаши граѓаните

Народна банка прогнозира повисока инфлација во споредба со онаа што ја очекувала во октомври. Инфлацијата ќе изнесува 2.2 отсто.

Ќе растат трошоците за живот. Цените на маслото за јадење се зголемуваат. Се очекува поскапување на храната и горивата. Мелничарите веќе најавија поскапо брашно и леб доколку не се реши проблемот со извозот во Косово. Глобално храната поскапува поради пандемијата, намаленото производство поради суши и ред други фактори.  На граѓаните им требаат повеќе пари за живеачка.

Народна банка прогнозира повисока инфлација во споредба со онаа што ја очекувала во октомври. Инфлацијата ќе изнесува 2.2 отсто.

„Растот на трошоците за живот директно ќе влијае врз квалитетот на живот на граѓаните, па дури и може да додведе до зголемување на стапката на сиромаштија. Дури и да не се покаже тоа во вкупниот процент на сиромаштијата како пораст на стапката, секако најголем удар ќе претрпат семејствата кои имаат минимални примања или ниска економска активност меѓу членовите. Проблематично кај нас е тоа што голем процент од семејствата живеат со приходи кои во целост ги трошат за задоволување на минималните потреби за живот, па секое покачување на трошоците значи поголем ризик од сирмаштија. Состојбата е и онака многу комплексна и кревка, и не дозволува изолирано гледање на состојбите, односно многу е важен одговорот на државата за заштита на работните места, висината на платите и социјалната сигурност која ќе ја обезбеди за најранливите за да може да се превенираат последиците од инфлацијата“, изјави Билјана Дуковска од од Македонска платформа против сиромаштија.

Проф. д-р Шекеринка Ивановска, декан на Факултетот за економија, при Меѓународен Славјански Универзитет вели дека постои ризик за зголемување на сиромаштијата.

„Првиот и тековниот квартал на 2021 година упатуваат на продолжени ефектии од здравствената криза. Инфлациските движења и раст на цените во 2021 е 2,7 отсто и е во согласност со очекуваните пролетни проекции на Народна Банка. Ризик секако дека постои за зголемување на сиромаштијата во државата, но Народна Банка ја следи домашната инфлација и се движи според планираната, која треба да биде умерена,  2,2 отсто во 2021 и се предвидува нејзино стабилизирање во 2022 година“, вели Ивановска.

Oд опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве предупредија за галопирачки раст на инфлацијата, и бараат државата да донесе мерки. Тие велат дека реалната инфлација е над 3 отсто.

Синдикална кошница на ССМ за месец април 2021 година е зголемена за 204 денари, во однос на претходната за месец март, поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април, и тоа за исхрана и пијалоци за 1,2 отсто, на облека и обувки за 1 отсто и на хигиена за 1,1 отсто. Според пресметките на ССМ, за да се овозможи елементрана месечна живеачка за едно семејство од 4 члена,  потребни се 33.976 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, стапката на сиромашни лица во земјава изнесуваше 21.6 отсто. https://faktor.mk/inflacijata-dopolnitelno-gi-osiromashi-gragjanite

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close