fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Браната Конско е инвестиција од 40 милиони евра, обезбедува наводнување за нови 6.500 хектари земјоделски површини

Николовски-Најголемиот водостопански проект изграден во државава последниве 20 години

Најголемиот водостопански проект изграден во државава последниве 20 години и најголем инфарструктурен проект во последниве 50 години во гевгелискиот регион.

– Затоа нашиот народ кажал дека „Ако се сака СЕ се може!“ Еве го доказот, изградена брана, вредна 40 милиони евра, финансирана од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече министерот Љупчо Николовски.

Според Николовски браната Конско подразбира и ново вештачко езеро-акумулација и нов систем за наводнување со кој се опфатени околу 6.500 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати.

Со браната ја обезбедуваме потребната вода за наводнување во текот на целата година. Тоа значи помали трошоци и поконкурентно земјоделско производство, а влијаеме и на вкупниот развој на економијата во овој крај, бидејќи акумулацијата ќе се користи и за развој на руралниот туризам, за спортски и рекреативен риболов.

Освен тоа, браната добива нова додадена вредност, бидејќи со грант од Кралството Шпанија, предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергатската независност на државата. Планирани се и 2 мали хидро централи во рамките на хидросистемот, бидејќи ова е единствениот водостопански објект кој веднаш по завршувањето на браната започнува и со градба на хидросистем за наводнување. Веќе е потпишан меѓународен договор со консултант за имплементација CES (Consulting Engineers Salzgitter GmbH) кој што ќе ги извршува задачите за проектирање, надзор и учество во процесот на избор на изведувач на градежните работи. Проектирањето на градежните работи ќе започне веќе од утре, договорен е состанок на кој официјално на консултантот ќе му го предадеме налогот за почеток на проектот.

Хидросистемот Конско заедно со ХС Лисиче, Пепелиште и Страиште се четирите нови хидросистеми кои ги градиме со поддршка од германската Влада, како дел од  Програмата за наводнување на Северна Македонија. Овие четири хидросистеми ќе обезбедат сигурно наводнување за нови 13.650 хектари земјоделско земјиште. Значајна и историски до сега, најголема капитална инвестиција во водоснабдувањето вредна над 110 милиони евра. Најголем бенефит ќе имаат земјоделците од општините по текот на реката Вардар а тоа се Велес, Чашка, Неготино, Демир Капија, Валандово, Гевгелија, Богданци и Дојран.

Но не се само овие водостопански објекти. Славишко поле, Чаушица, Конопница и Пишица се завршени, а Теарце е во завршна фаза. Во моментив речиси на целата територија на државата имаме активни проекти за модерни хидросистеми.

Колибари, Пумпна станица Дебар, тековно се гради. Непречено се одвиваат работите на реализација на капиталниот проект Равен Речица и брана Речани. Годинава ќе започне тендерска постапка за нова брана, Брана Слупчане.

Во тек е  проектирање на Втора фаза од системот за наводнување Равен Речица, во фаза на потпишување е Договор за мал систем за наводнување во Општина Сарај. Дополнително од ИПА фондовите одобрени се уште два капитални проекти, изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close