fbpx
Вести

Информација за планирани едукативните советувања

logo

Почитувани земјоделци,

Ве информираме дека Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во период февруари-април 2018 година има планирано да организира информативно-едукативни советувања за земјоделците.

Корисници на информативно – едукативните советувања ќе бидат потенцијалните баратели по Програмата за Рурален развој и ИПАРД програмата.

Советодавците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на средбите ќе ги советуваат сите заинтересирани земјоделци како да се подготви е-барање, кои се критериумите, какви документи се потребни и да се објасни подготовката на Технички предлог проект.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете во сите градови во канцелариите на работните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Термините и местото на одржување на советувањата можете да ги видите во списоците за секој град поединечно, кои се во прилог на оваа информација.


 

агенција.гов.мк

Слични написи

Back to top button
Close