fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски: Нема да дозволиме ценовен шок, ќе продолжиме да ја субвенционираме цената на струјата

-Нема да дозволиме ценовен шок за граѓаните како што не дозволивме и досега, вели премирот.

Владата и во текот на годинава ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија како што правеше во текот на минатата грејна сезона за да не дозволи ценовен шок за граѓаните по 1 јули кога Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ја одреди цената на регулираниот пазар на струја што ќе важи во наредните шест месеци, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Нема да дозволиме ценовен шок за граѓаните како што не дозволивме и досега. Владата преку Буџетот субвенционираше 80 проценти од цената на електричната енергија во текот на целата грејна сезона во минатата година и во оваа година. Така ќе биде и во иднина. Во Буџетот веќе се предвидени финансиски средства во износ од 250 милиони евра за антикризни мерки во кои се вклучени и финансиски средства за цената на електричната енергија, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на општина Богданци за едно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Потенцира дека во текот на минатата грејна сезона ниту имаше рестрикции, ниту, пак, недостатоци на електрична енергија, туку, напротив, во текот на јануари имаше продажба на вишоци на електрична енергија на слободниот пазар заради зголеменото производство на струја за 40 проценти во државните капацитети на ЕСМ.

Потврди дека Владата веќе ги подмири обврските од долгот за неплатена струја што ги имаше Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кон ЕВН.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close