Владејачката коалиција го отфрли законот на СДСМ за помош на земјоделците
Пратениците на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН, денеска во Собранието го одбија предлог-законот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата за финансиска поддршка на земјоделците. Всушност, тие не се изјаснија за ништо при гласањето за усвојувањето на оваа точка да се најде на дневниот ред. За неа гласаа само 19 пратеници. Немаше ни против ни воздржани.

Предлогот на опозициската СДСМ беше поддршка за лозарите и тоа 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „вранец“ и „кратошија“, а за оние за кои нема да успеат да го продадат грозјето – 300.000 денари по хектар за евидентираните лозови насади.
Потоа се предлагаше а поддршка за производителите на пиперка „ајварка“ од 10 денари по килограм продадена пиперка, плус 200.000 денари по хектар за евидентираните засадени површини.
Пратениците од владејачкото мнозинство не гласаа за поддршка од 5 денари по килограм пченица, за 8.000 денари по грло по грло говедо за сточарите и за 10 денари по килограм произведена и продадена оризова арпа.
Пратеникот од СДСМ, Миле Талески, во образложението на предлог-законот нагласи дека земјоделството е во катастрофална состојба за што директно одговорност има Владата на ВМРО и премиерот Мицкоски кој ги излажа и изигра земјоделците.
„Македонското земјоделство денес се соочува и се наоѓа во катастрофална состојба, состојба за која директна политичка одговорност носи ВМРО и претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Ветувавте земјоделска преродба. А донесовте земјоделски пустош. Ветувавте повисоки субвенции, сигурен пласман и подобар живот на земјоделците.Земјоделците бараат сигурни откупни цени, навремени субвенции, исплатливи производствени услуги и држава што ќе застане зад нив. ВМРО не може да зборува за земјоделска преродба истовремено да гледа како земјоделците ги напуштаат нивите“, рече Талески.