fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Инфосредби со земјоделците од Кочанско против палењето на сламата

Здружението на жени земјоделки „Агровинка" од Виница ја реализираше првата серија теренски инфосредби со земјоделците од кочанскиот регион, во рамки на втората фаза од пректот „Добра земјоделска практика – богат биодиверзитет".

Целта на проектот е да се подигне јавната свест против палењето на сламата и стрништата и штетните последици од тоа, при што се разговарало со групи земјоделски производители во 20 села во општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.

На средбите е укажано на можностите за одржливо управување со жетвените остатоци, а биле разменети и мислења како да се собира и преработува сламата, наместо да се пали.

-Генерално, земјоделците од скоро сите села искажаа потреба да се определи државно земјиште како одлагалиште на кое би можело да се носи сламата после жетвата. По нејзиното балирање ќе се договара транспортот до пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, каде ќе се преработува во органско ѓубриво. На инфосредбите имаше и претставници од земјоделските задруги кои дадоа препораки да се прават мини компостари, како и да се набават ролобалирачки за собирање на сламата. Беше предложено да се направат дополнувања во Законот за рурален развој и да се воведат субвенции за набавка на машини за производство на пелети од земјоделски отпад или за уреди на комбајните што би ја сечкале сламата за време на жетвата, истакна Олга Стоименова од Здружението „Агровинка”.

До крајот на септември ќе се одржи уште една серија инфосредби со земјоделците од 10 села во регионот, на кои ќе се укажува да не се пали сламата токму пред почетокот на овогодишната жетва на оризот.

Проектот „Добра земјоделска практика – богат биодиверзитет”се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а во координација со „Фармахем” – Скопје./МИА

извор:канал5

Слични написи

Back to top button
Close