fbpx
ВестиТоп вести

Иницијатива за откуп на оризовата слама во Кочанско

Општина Кочани ја разгледува иницијативата за откуп на оризовата слама по завршување на жетвата за да се спречи нејзиното палење, како една од причините за загаденоста на воздухот.

Предлог мерката доаѓа од претставници на амбасадата на Швајцарија, чија влада ја финансира изградбата на станицата за пречистување на отпадните води во Кочани, а во план е во постапката да се вклучи и Министерството за земјоделство.

– Нашите швајцарски партнери се загрижени за загадувањето на воздухот затоа што земјоделците во регионот ја палат сламата и стрништата, особено по жетвата или напролет пред подготвување на нивите за новата сеидба. Ќе предложиме до ресорното министерство да ја услови исплатата на субвенциите за оризот со предавање на сламата, со што очекуваме значително да се намали палењето, истакна Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Сламата од оризот што би се откупувала, ќе се намени во технолошокиот процес за пречистување на отпадните води во филтер станицата кај селото Мојанци, чија изградба е во завршна фаза.

Засега нема официјални пресметки колкави количини слама ќе бидат потребни и за сумата што би требало да се издвои за оваа намена, но градоначалникот Илијев веќе ги запозна членовите на Советот на општината и најави поширока дебата за иницијативата.

извор:сител

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close