Владата даде поддршка за проектот за формирање земјоделски задруги

(Oвој напис е објавен на: August 23, 2017)

Владата на вчерашната 24-та седница ја усвои информацијата за реализација на проектот формирање и поддршка на земјоделски задруги.

Со реализиацијата на проектот се овозможува развој на земјоделските стопанства, кои преку поттикнување на економско здружување во земјоделски задруги, со заеднички настап во производството, продажбата и пласманот на своите производи, ќе добијат можност за зајакнување на нивната пазарна улога, за зголемување на конкурентноста и ефикасноста во работењето и за зголемување на индивидуалниот приход на земјоделецот.