fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Нема повредени од падот на градежниот кран во поранешната касарна во Битола, ќе се затвори градилиштето, потврди градоначалникот Тони Коњановски.  

Издадено ќе биде и решение за затворање на градилиштето, вели Коњановски.

Нема повредени од падот на градежниот кран во поранешната касарна во Битола, ќе се затвори градилиштето, потврди градоначалникот Тони Коњановски.
Нема повредени од падот на градежниот кран во поранешната касарна во Битола, потврди попладнево градоначланикот Тони Коњановски, по увидот на терен. Причинета е само материјална штета.  И од Битолската болница  потврдија дека нема повредени лица од инцидентот.
Настанот се случи денеска околу 14 часот кога градежен кран падна врз објектот кој е во изградба. Коњановски рече дека  станува збор за приватен објект.
Веднаш излегов на лице место каде што се случи немил настан при изведување на градежни активности на приватен објект, кој се гради во старата битолска касарна со цел Општина Битола веднаш да реагира соодветно и согласно своите надлежности. Исто така со мене на терен е и овластениот градежен инспектор кој ќе изврши надзор врз активностите на инвеститорот, изведувачот и надзорот на објект каде се случи овој настан. Причинета е само материјална штета.
Од клиничка болница Битола и службата за итната медицинска помош ме информираа дека нема пријавено повредени лица. Објектот има уредно издадено решение за градбa.
Издадено ќе биде и решение за затворање на градилиштето, вели Коњановски.

Слични написи

Back to top button
Close