
Пиперките со пестициди не се вратени од Хрватска, министерот Трипуновски чека службите да проверат дали биле македонски
Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како што напомена, има квалитетен земјоделски проиозвод што се употребува и за домашна консумација и преработка и за извоз.
Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како што напомена, има квалитетен земјоделски проиозвод што се употребува и за домашна консумација и преработка и за извоз.
-Пратката пиперки од Хрватска не е вратена во Македонија, Извезена е од нашата држава на 9 септември, контролата што ја прави Агенцијата за бебзедност на храна од Хрватска излезе со податоци на 23 септември што е 20 дена отпосле, а тоа отвора простор – дали таа пиперка е македонска. Тоа оставам да проверат службите. Нашите фитосанитарни служби заедно со АХВ во текот на целата година прават контроли по тип на производство, како што се откупуваат производите. Се прават проби за евентуално зголемено ниво на пестициди. МЗШВ има и посебни програми за мониторинг што ги следи сите земјоделски производи, да види дали се применува периодот на каренца, дали се употребуваат недозволени препарати, изјави министерот, одговорајќи на новинарски порашања по настанот за Светскиот ден на храната.
Трипуновски истакна и дека извозот на земјоделски производи е зголемен.



