fbpx
ВестиРурален туризамСовети

Инспиративната природа во Банско, економски предизвик и вистинска можност за креација и релаксација

Голем број граѓани од нашата држава, од соседните земји, но и туристи од Турција, Израел и други земји, деновиве зимуваат во Банско. Но, ова место не е само зимска скијачка атракција. Неговото природно богатство, надополнето со човечкиот ентузијазам и креативност, од Банско создале атракција која е предизвик за посетителите во текот на целата година, а со тоа и можност за економски напредок и континуиран развој, со голем бенефит и за локалните бизниси, но и придобивка за секој гостин.

Убавините кои ги има природата, претставуваат отворена врата за влез на сечиј ентузијазам, креативна енергија и знаење, на секој оној кој сака да создава во функција на зголемување на општото добро, создавање услови за развој и економски напредок. Богатството кое доаѓа од околните пејзажи, претставува непресушен извор кој дава мотив и гради инвестиции за туристичка промоција, финансиска придобивка, но и комплетна исполнетост на човекот, негова смиреност, природна терапија, едукација и релаксација. Пример за ваков прогрес, во кој се обединуваат и развиваат сите неопходни сегменти за развој е туристичкото место Банско во Бугарија.

Сместено во подножјето на Пирин Планина, Банско е место кое претставува магнет за бугарските и странските туристи, за време на четирите годишни времиња, односно во текот на целата година. Се што можат туристите да најдат во ова место е еден вид симбол-обележје на Бугарија:независно дали тоа е античката архитектура, херојската историја, фолклорот, сочуваните традиции и обичаиили планинскиот ренесансен град…

Во зимскиот период главната атракција е скијањето, пешачењето, но и сите придобивки кои доаѓаат од богатството на планината, историјата и традицијата. Цените на одредени услуги и производи кои се користат во Банско, речиси се адекватни на цените на истите услуги во Република Македонија, додека за други услуги, слободно може да се каже дека можат да се добијат и за пониски цени.

Ски центар – Банско

Градот сместен во најубавиот дел од Пирин планина нуди одлични услови за развој на планински спортови и туризам. Ски центарот Банско себе си се претставуа како еден од најдобритески – центри во Европа.Ова епотврдено од страна на хостингот на Светското првенство во дисциплината алпско скијање за жени во 2009, Европскиот Куп Слалом за мажи во 2010 и Светскиот Куп за Алпско скијање во Февруари 2011.

Направени се прекрасни услови за вежбање на алпско скијање, крос кантри скијање, биатлон и сноубординг. Модерната гондола има капацитет од 2400 луѓе на час. Највисоката точка од ски центарот е 2560, а најниската 1000 метри. Целата должина на ски патеките е 75 км. Постојат објекти кои овозможуваат Халф пајп и параглаjдерство, a 230 снежни топови покриваат 100% од патеките, со што се гарантира доволно снег и снежна покриеност од декември до мај.

Сместување и сместувачки капацитети

Општина Банско има доволно соби за повеќе од 16 000 гости во резиденции, апартмани, семејни хотелии гостински куќи. Секое парче има своја историја, што може да го направи одморот – патување низ традиционалните Бугарски таверни.Банско поседува исклучителен шарм и создава посебна локална атмосфера со високо квалитетната кујна и голем избор на вина. Од друга страна, големиот број на хотели со четири и пет ѕвезди, нудат висок стандард на услуга и професионално опремени спа и велнес центри. Хотелите со три ѕвезди нудат добра услуга и семејна атмосфера.

Банска кујна

Оригинална и разновидна, Банската кујна е популарна во цела Бугаријасо чадените јадења, посебно по уникатно подготвените колбаси и мезиња. Најтипични се капама, чомлек, катино мезе, а стар бански и црн пудинг се служат во сите таверни и ресторани во Банско и Добриниште. Локалната кујна се базира на стари рецептии еколошки домашни производи што е силна причина за привлекување на туристи. Дегустирањето на традиционалните бански специјалитети придонесува престојот на туристите да биде поинтересен и различен, приближувајќи ги гостите до типичниот начин на живот и кулинарските традиции на локалното население. Едноставно, престојот во Банско, не може, а да не ве натера да ги пробате сите специјалитети кои имаат свој, карактеристичен печат, кој ги буди сите сетила, создавајќи задоволство, смиреност, уживање.

 

Празници, фестивали и обичаи

Почнувајќи од првиот ден од годината, со Кукери фестивалот, па се до Митровден во доцната есен, градот празнува стари и нови празници:

„Биди здрав, биди среќен“ е мотото на Новогодишниот Кукери фестивал, кој претставува свечен фолк концерт и натпревар за најубавиот Кукери костум.Тој ги пресоздава елементите на народни обичаи на плодноста во годината што доаѓа.

Празниците на Банската традиција се празнуваат од 17 – 24 мај. Традиционалните празнувања во Банско значат и отворање на летната туристичка сезона, а со тоа се најавува и Празникот на цвеќињата. За време на празниците можат да се посетат етнографски и кулинарски изложби, изложби на фини и применети уметности, тематски вечери, посветени на банскиот хумор, песни, ора и обичаи.

Фолклорниот фестивал „Помеѓу трите планини“ е фестивалот за фолклор кој се одржува во мај, а на кој учествуваат над 1000 танцови и фолклорни пеачки групи, како од цела Бугарија, така и од околните држави.

Летниот театарски фестивал се одржува од 1 до 7 јули и има за цел на жителите и гостите да им ги претстави најинтересните актери, кои веќе го докажале својот успех.

Меѓународниот џез фестивал се одржува од 6 – 13 август и е еден од најголемите и значајни настани во музичкиот живот во Бугарија, со најдолга историја во земјата, а низ годините и со голема популарност во странство. Во програмата се вклученистилови и групи кои ги претставуваат сите аспекти на жанрот, а џез звуците доаѓаат од различни локации од големите хотели и ресторани.

Од 26 до 27 август е опера фестивалот, кој своите почетоци ги има од 2010 година и на кој учествуваат познати солисти и млади талентирани изведувачи и дуети од различни опери.

5 октомври е Денот на Банско кој се однесува на ослободувањето на градот од османлиското влијание во 1912 година и истиот се одбележува со фолклорна програма.

Интернационалниот филмски фестивал се одржува во ноември, а истиот претставува спој на екстремната спортска заедница и филмската индустрија од Италија, Германија, Шведска, Австрија, Франција…

Фолклорни групи и ансамбли

Постојат 50 аматерски групи и ансамбли во општината Банско кои изведуваат локални песни во Пирински стил, каде што мелодијата се пее од еден пејач, а вториот глас е поддржан од останатите пејачи. Вообичаено, тука нема инструментална придружба, само ороводните песни понекогаш се придружени со гајда или тамбура.

Културен туризам

Културниот туризам привлекува голем број туристи преку Музејот „Никола Вапцаров“,Музејот „Велјанова куќа, Спомен куќата на Неофит Рилски, културниот и информативен центар „Свети Отец Паисиј“, црквите „Успение на Пресвета Богородица“ и „Свети Тројца“, историско – етнографскиот комплекс „Радонова куќа“, како и изложбата на икони.

Летен туризам во Националниот парк Пирин

Летниот туризам во Националниот парк Пирин нуди можности за искористување на топлите извори во Добриниште, играње тенис, јавање коњи, рафтинг,качување по карпи, меѓународен лов туризам,планински велосипедизам…За Банско карактеристични се офроуд сафари, крос роуд и обиколка по планинските патеки, а овој национален парк со себе ги носи и приказните за „Бајкушевата Мура“ – дрво старо 1300 години кое го запира здивот на секој посетител и претставува најстарото иглолисно дрво во Бугарија, еко патеката „Приказните на Демјанишка река“ – заедно со пешачките патеки за оние кои што сакаат да научат повеќе за местата низ кои што поминуваат, поврзани со природните карактеристики, историјата и културата на областа.

Уште многу објекти и приказни кои произлегуваат од природното и културно – историското богатство на Банско и НП Пирин се мотив повеќе и вистинска инспирација, да се оддели време, пари и да се даде можност на себе си за бескрајна смиреност и целосна исполнетост.

Банско е приказна за тоа колку многу може да направи човечката креативност, меѓусебната соработка, поддршката од заедницата и ентузијазмот на бизнис секторот во корелација со природното богатство и позитивниот поглед на можностите и хоризонтите.

Иако, во овој период зимските спортови се најактуелни, сепак меѓу бројните туристи има и такви кои уживаат во долгите прошетки, чистиот воздух, моќната природа…Инспиративноста е насекаде наоколу, колку ќе дозволиме таа да допре до нас и да ни даде можност да инвестираме во континуиран напредок, зависи од секој од нас.

Сепак, секој оној кој го посетил Банско, се вратил повторно и повторно. Најголемата придобивка, секако е смиреноста која доаѓа од беспрекорната совршеност која опкружува, нежно допира, јабуди човечката мисла и го дава она што на секој од нас му е потребно: мир, хармонија, спокојство, сила и енергија за нов почеток, моќ за движење кон подобро.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close