fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сали Баловски-Голем ќеф ми направи новиот трактор Џон Дир

Кај нашите пријатели од „Синпекс“ тракторот го купив со договор да го исплатам за пет години, на рати. Тоа е голема поволност за секој еден земјоделец, вели младиот Сали Баловски.

Бадри и Сали Баловски се татко и син, земјоделци од битолското село Острец кои од неодамна се подновија со нов трактор Џон Дир 5045D 4WD без кабина преку ексклузивниот дистрибутер за брендот Џон Дир за Македонија, „Синпекс“ ДОО Битола.https://www.sinpeks-shop.mk/

Семејството Баловски обработува 40 илјади квадратни метри земјоделска површина, главно под пченка, пченица, грашок и овој трактор веќе го испробаа на своите ниви и ги воочија предностите и квалитетите што тој ги поседува.

-За првпат купуваме трактор од светски позната фирма. Џон Дир е нешто што е најубаво и најквалитетно кога зборуваме за трактори. Купив трактор кој ми прави голем ќеф, ќеф да сработам, зошто сум сигурен дека купив јака, силна, моќна и убава машина. Разликата во однос на другите трактори е јасна. Новиот трактор има 45 коњски сили, појак, помоќен, и што е многу важно за нас земјоделците помалку троши. Економичноста е предност број еден, за разлика од старите и неекономични трактори што ги зголемуваат трошоците.

Во исто време кај нашите пријатели од „Синпекс“ тракторот го купив со договор да го исплатам за пет години, на рати од по 2.500 евра годината. Тоа е голема поволност за секој еден земјоделец. Она што особено ме радува е што со купувањето на тракторот имам 3 години гаранција за машината, односно 5 години сервис. За секој купувач на трактор или друга земјоделска машина сервисот значи многу, особено кога знаеш дека за брзо машината можеш да ја ставиш во функција и да продолжиш да работиш, да произведуваш со отстранети  дефекти, рече Сали Баловски, земјоделец од селото Острец, Битолско.

Тракторот кој го одбра Семејството Баловски во исто време значи квалитет, опременост и достапност на нашиот пазар. Идеален за секој земјоделец поради неговата економичност, а пред се поради квалитетот кој што го нуди самиот бренд Џон Дир.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close